Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најуспешните поединци и клубови во атлетиката, која со право го носи епитетот кралица на спортовите, за 2025 година. Очекувано, главните признанија им припаднаа на Андреас Трајковски и Адријана Поп Арсова, кои зад себе имаа исклучително успешна сезона.
Андреас Трајковски, член на АК Работнички, беше прогласен за најдобар атлетичар во сениорска конкуренција, додека Андријана Поп Арсова од АК Делта ја доби наградата за најдобра атлетичарка кај сениорките.
Атлетичари и атлетичарки за 2025 година според Атлетската федерација на Македонија се избрани следниве:
-
Сениори:
Андреас Трајковски (АК Работнички) -
Сениорки:
Адријана Поп Арсова (АК Делта) -
Младинци:
Марко Алексовски (АК Центар) -
Младинки:
Мелиса Димитриоски (АК Дрини Старт) -
Млади младинци:
Михаил Стошевски (АК Куманово) -
Млади младинки:
Ева Митевска (АК Работнички) -
Пионери:
Ведран Николовски (АК Куманово) -
Пионерки:
Марта Димковска (АК Работнички) -
Млади пионери:
Арти Џеладини (АК Камјани) -
Млади пионерки:
Елјана Салаи (АК Камјани) - Најуспешен атлетски клуб за 2025: АК Куманово