В недела се игра дербито на 17. коло на ракометната Суперлига меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер, а верните „рибари“ најавуваат масовна мобилизација за силна поддршка од трибини.
Трибините во „Билјанини Извори“ ќе бидат исполнети до последното седиште, а охридските ракометари ќе имаат силна поддршка од верните „рибари“.
- Време е за ново ракометно дерби Охрид на мегдан против шампионот Еурофарм Пелистер
Верните навивачи ќе се собираат на „Плоштад минимаркет“ в недела во 16 часот.
„В недела нѐ очекува нов натпревар против битолски Еурофарм Пелистер на домашен терен. Потребен е секој еден член да биде присутен со екипата во копот! Се наоѓаме пред крајот на една добра полусезона која ветува многу – потегот е во наши раце, да приредиме ново одлично издание. Најавена е и гостинска навивачка група. 14.12.2025 | Недела, 16:00 | Плоштад минимаркет“, се вели во соопштението на „рибари“.
Дополнително во сала ќе бидат и „Чкембари“, па тоа ќе биде вистински ракометен празник, големо дерби и „пеколна“ битка за бодовите бидејќи и едните и други целат само кон победа.