РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Александар Таневски го објави списокот на играчи до 20 години за контролниот меч против Лихтенштајн

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Новоформираната фудбалска репрезентација на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, на 3 декември ќе го одигра својот прв контролен натпревар. Дебитантскиот меч ќе се игра на гостински терен, во Шан (Лихтенштајн), со почеток од 18:30 часот.

Таневски го објави списокот на повикани фудбалери, кој го сочинуваат комбинација од таленти од домашното првенство и интернационалци што настапуваат во странство.

Љупче Џеков (Силекс), Давид Илоски (Брера), Никола Филевски (Брегалница)Адис Мурати (Башкими), Андреј Велков (Брера), Мичо Поповски (Вардар), Виктор Делoв (Брера), Димитар Данев (Вардар), Давид Матески (Силекс), Армир Иса (Скопје), Никола Величковски (Брера), Андреј Стојановски (Скопје), Тео Сандев (Моторлед Прага), Игли Хасани (Работнички), Шабан Мемети (Арсими)Харун Незировски (Хелсингборг), Илир Шерифи (Неуминстер), Сејдо Дураков (Рот-Вајс Ерфурт), Илија Масларов (Лугано), Аган Сулимани (Башкими), Марко Стојилевски (Брера), Нуман Ајетовиќ (Шкендија).

Македонија U20 со овој дуел го започнува новиот циклус подготовки и селектирање на играчи што во следните години ќе претставуваат база за повозрасните младински категории и за А-селекцијата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Убедлива победа на Македонија U20: Данев и Величковски го решија мечот во Шан

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години вчера забележа убедлива победа од 0:3...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Тимот е млад, мотивиран и подготвен да се претстави достоинствено

Репрезентацијата на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Еве кога фудбалската репрезентација на Македонија ќе го добие новиот селектор!

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вчерашната седница...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!