РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Тимот е млад, мотивиран и подготвен да се претстави достоинствено

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска од 18:30 часот ќе го одигра својот прв контролен натпревар против Лихтенштајн. Мечот ќе се игра во Шан, на гостински терен.

Селекторот Таневски истакна дека тимот е мотивиран и подготвен за силен старт.

„Пред нас е првиот натпревар на репрезентацијата до 20 години против селекцијата на Лихтенштајн до 21 година. Во изминатите денови работевме фокусирано и со јасна идеја да поставиме квалитетна основа во нашата игра. Составот е млад, амбициозен и подготвен да се претстави на високо ниво. Го почитуваме противникот, но нашиот главен фокус останува на сопствената игра, дисциплината и колективната работа. Верувам во овие момци и во нивната способност организирано да одговорат на предизвиците.“

Таневски упати благодарност и до Фудбалската федерација на Македонија за поддршката и одличните услови за работа.

„Кога функционираме во професионална и стабилна средина, можеме да напредуваме и индивидуално и како тим. Убеден сум дека ќе дадеме максимум и дека ќе ја претставиме Македонија на вистински начин“, додаде селекторот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!