Втора лигаФудбал

Како изгледа табелата во Втора лига пред комплетирањето на 15. коло?

Сподели
Сподели

Дури на 12 декември со натпреварот меѓу Детонит Плачковица и Скопје ќе се комплетира 15. коло на Втората македонска фудбалска лига, а со тоа ќе го имаме и конечниот изглед на табелата.

Многу извесно е дека Охрид ќе биде есенски шампион, ако го добие мечот со Слога во Виница тогаш „рибарите“ ќе избијат на врвот пред Шкендија Арачиново со 36 бодови, а пак моменталниот лидер ќе се спушти на втората позиција. Едно е сигурно, а тоа е дека Брегалница ќе биде трета на табелата со 33 бодови, без разлика на исходот од комплетирањето на 15. коло.

Виси четвртото место на Беласица, бидејќи ако Скопје го добие Детонит Плачковица во Радовиш, тогаш „пиратите“ од Автокоманда би биле четврти со 32 бодови, па затоа струмичани ќе се надеваат на пораз или реми на Скопје со радовишани.

Во долниот дел промени нема да има – сигурно е дека Големо Коњари, Слога Виница, Преспа и Победа ќе бидат во зоната за директно испаѓање и ќе ги очекува „пеколна“ борба за опстанок во Втората лига.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗФК Шкендија Арачиново 77 15 11 2 2 25 9 +16 35
2 ГФК Охрид Лихнидос 14 10 3 1 36 10 +26 33
3 ФК Брегалница 2008 АД 15 10 3 2 31 9 +22 33
4 ФК Беласица АД 15 10 1 4 33 14 +19 31
5 ФК Скопје АД 14 9 2 3 32 15 +17 29
6 ЗФК Новaци 2005 14 8 2 4 25 11 +14 26
7 ГФК Осогово 14 7 2 5 23 13 +10 23
8 ФК Детонит Плачковица 14 6 5 3 20 10 +10 23
9 ФК Кожуф Гевгелија 14 5 6 3 16 8 +8 21
10 ФК Каменица Саса 15 4 5 6 32 30 +2 17
11 ФК Тетекс 1953 14 4 2 8 20 26 -6 14
12 ГФК Вардар Неготино 14 3 2 9 19 44 -25 11
13 ФК Победа АД 15 3 2 10 12 37 -25 11
14 ФК Преспа 15 3 0 12 16 37 -21 9
15 ФК Слога 1934 14 2 1 11 15 32 -17 7
16 ФК Големо Коњари 14 1 0 13 6 56 -50 3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на...

Прва лигаФудбал

Вардар нема право на кикс, целта против Скопје се трите бода

ФК Вардар не ја започна најдобро новата сезона, во која амбициите на...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!