РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Убедлива победа на Македонија U20: Данев и Величковски го решија мечот во Шан

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години вчера забележа убедлива победа од 0:3 против Лихтенштајн во пријателскиот натпревар одигран во Шан. Избраниците на селекторот Александар Таневски демонстрираа дисциплина, храброст и зрелина во играта, особено во второто полувреме кога го решија мечот.

Првиот дел помина без голови, но по паузата нашите млади фудбалери значително го кренаа ритамот. Во 52. минута Никола Величковски фудбалерот на Брера Струмица го отвори резултатот за водство од 0:1. Само пет минути подоцна, Димитар Данев – фудбалерот на Вардар кој игра во одлична форма сезонава ја зголеми предноста на 0:2. Данев повторно се најде во листата на стрелци во 79. минута, поставувајќи ги конечните 0:3.

Со оваа победа селекцијата до 20 години уште еднаш потврди дека поседува потенцијал и квалитет за успешна иднина. Тимот го продолжува циклусот на подготовки со јасна цел  изградба на генерација која ќе биде столб на македонскиот фудбал во годините што следат.

Во составот на предводникот на селекцијата, Александар Таневски се вклучени следните фудбалери:

Љупче Џеков (Силекс), Давид Илоски (Брера), Никола Филевски (Брегалница);

Адис Мурати (Башкими), Андреј Велков (Брера), Мичо Поповски (Вардар), Виктор Делoв (Брера), Димитар Данев (Вардар), Давид Матески (Силекс), Армир Иса (Скопје), Никола Величковски (Брера), Андреј Стојановски (Скопје), Тео Сандев (Моторлед Прага), Игли Хасани (Работнички), Шабан Мемети (Арсими), Харун Незировски (Хелсингборг), Илир Шерифи (Неуминстер), Сејдо Дураков (Рот-Вајс Ерфурт), Илија Масларов (Лугано), Аган Сулимани (Башкими), Марко Стојилевски (Брера), Нуман Ајетовиќ (Шкендија).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на...

Трета лигаФудбал

Хитот Огражден со нова победа за избивање на врвот, Овче Поле убедлив во Делчево, Карбинци со нов пораз

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча. Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!