ФудбалЧетврта лига

Средба Божинов – Илиев: Поддршка за ФК Огражден и нови инвестиции за стадионот во Ново Село

Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, дел од ФФМ, Илија Илиев – Ромата.

На средбата се разговараше за унапредување на соработката во рамките на општинската лига, за тековната поддршка која општината ја дава на локалниот клуб ФК Огражден, како и за идните проекти со кои ќе се инвестира во фудбалската инфраструктура во Ново Село.

„Денес остварив средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз Струмица, дел од Фудбалската федерација на Македонија, Илија Илиев. Разговаравме за соработката во општинската фудбалска лига, поддршката која општина Ново Село ја дава на ФК Огражден и за идните инвестиции кои општината ќе ги спроведе на фудбалскиот стадион во Ново Село. Спортот и младите се врвен приоритет на нашата општина“, рече градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, по средбата со Илиев.

ФК Огражден, единствениот претставник од општина Ново Село во Општинската фудбалска лига на Струмица, имаше успешна есенска полусезона. Тимот го заврши првиот дел од сезоната на четвртата позиција со учинок од три победи, три ремија и еден пораз, освоени 12 бодови и респектабилни партии против водечките екипи.

Како што нагласи градоначалникот Божинов, општина Ново Село и во иднина ќе стои силно зад ФК Огражден – и со институционална поддршка, и со реализација на нови инвестиции за уредување и подобрување на фудбалскиот стадион. Целта е создавање подобри услови за младите спортски таленти и развој на локалниот спорт.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на Македонија против Шкендија од Тетово, откако досега ги загуби сите три...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на сцената со полна пареа! Во рамките на 9. коло од Првата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нухија: Ќе дадеме се од себе за да ја израдуваме публиката на Чаир

Шкендија од Арачиново ја бара својата прва победа во фудбалската елита на...

Прва лигаФудбал

Зејнулаи: Ако го дадеме максимумот, трите бода ќе бидат наши!

По тринеделната пауза за репрезентативните настапи, македонскиот фудбалски шампионат се враќа на...

Прва лигаФудбал

Вардар нема право на кикс, целта против Скопје се трите бода

ФК Вардар не ја започна најдобро новата сезона, во која амбициите на...

Трета лигаФудбал

Одложен дуелот меѓу Победа Валандово и Малеш од Берово

Натпреварот од 5. коло во Третата лига – Регион 3, меѓу Победа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!