РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонските фудбалерки до 19 години со три победи успеаа да се пласираат во Лига А

Сподели
Сподели

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години ја обезбеди третата победа на квалификацискиот турнир (Рунда 1, Група Б5) за Европското првенство на УЕФА и со тоа го потврди доминантното прво место и пласманот во следната фаза.

Фудбалерките на селекторот Кирил Изов на решавачкиот дуел одиграа 1:1 против Словенија, резултат кој беше доволен да го задржат врвот на табелата и да обезбедат продолжување на квалификациите. Словенија поведе во 35. минута преку Шпела Гербец, но Македонија одговори само пет минути подоцна со единствениот погодокот на Меланија Грозданова кој вредеше злато и билет за Лига А.

На турнирот, нашите млади фудбалерки блеснаа со победите над Грузија (3:0) и Азербејџан (3:1), покажувајќи стабилност, квалитет и тимски дух.

Македонија U19: 

1Комненова, 4. Крстева, 5. Додевска (88’ Каралиоска), 6. Коловска (61’ Симјанова), 7. Грозданова, 8. Величкова, 9. Митковска (90’ Ристевска), 10. Галабовска, 11. Попески (61’ Боризоска), 15. Емини, 16. Панева
Селектор: Кирил Изов

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Струга – Еурофарм Пелистер

Шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Струга во меч од 15. коло на ракометната Суперлига. Следете го мечот во живо.

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Убедлива победа на Македонија U20: Данев и Величковски го решија мечот во Шан

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години вчера забележа убедлива победа од 0:3...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Тимот е млад, мотивиран и подготвен да се претстави достоинствено

Репрезентацијата на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Еве кога фудбалската репрезентација на Македонија ќе го добие новиот селектор!

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вчерашната седница...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!