ФудбалФутсал

ВИДЕО: Проект го уништи шампионот – пеколен футсал спектакл и историска победа од 6:1 над Форца!

Сподели
Сподели

Во дербито на Првата футсал лига, поранешниот шампион Проект приреди вистинска лекција за актуелниот освојувач на двојната круна – Форца од Куманово, славејќи со убедливи 6:1 во преполната спортска сала „26 април“ во Гевгелија.

Ова беше вечер кога „пеколот“ во салата работеше со полна моќ. Проект доминираше од првата до последната минута, додека Форца буквално „изгоре“ во атмосферата што ја кренаа навивачите.

Тимот од Јосифово останува единствениот непоразен клуб во Првата футсал лига, а со оваа победа го задава и првиот сериозен удар кон актуелниот шампион. Проект јасно стави до знаење дека целта е само една – враќање на шампионската титула во валандовско Јосифово.

  • Европскиот претставник на колена

Форца, тимот кој сезонава имаше успешна европска приказна во Лигата на шампионите, доживеа тежок пораз од кој многу тешко ќе се опорави. Распадот беше видлив, особено по лошото прво полувреме.

Комесарот за безбедност Илир Елмази доби црвен картон во 15. минута (по претходен жолт), а само минута подоцна со директен црвен картон беше исклучен и тренерот Газменд Хисејини. Тоа дополнително ја наруши играта на шампионот и силно влијаеше врз текот на мечот.

Полувремето донесе спектакл и целосна контрола на домаќините. Проект го отвори мечот агресивно со одлично поставена тактичка замисла на тренерот Игор Димов, а капитенот Марио Благојевски уште во седмата минута ја запали салата „26 април“ со прецизен удар за водство. Тој рано гол ја означи надмоќта што допрва ќе следи. Само три минути подоцна, радовишанецот Горан Стојанов ја удвои предноста, потврдувајќи дека Проект влегол во дербито со јасна намера – да ја растури одбраната на актуелниот шампион.


Форца, која се обиде да се врати преку интернационалецот од Венецуела, Јесус Алејандро Ривас Миранда, успеа само кратко да ја намали разликата, но тоа беше моментален здив пред новиот удар. Благојевски повторно ја презеде сцената: најпрво со сигурен удар од 10 метри, а веднаш потоа – како да сака да им покаже дека нема простување – ја затресе мрежата за личен хет-трик и огромни 4:1 по само 20 минути игра.

ФОТО: Спортска Мрежа | Победничка фотка на Проект

Вториот дел беше продолжение на истата приказна – Проект со игра по ноти, Форца во целосна дефанзивна конфузија. Бојан Јанев се појави како нов јунак на домаќините. Со два мајсторски изведени гола најпрво ја зголеми предноста, а потоа ја запечати историската победа од 6:1. Голманот Енсар Фера немоќно гледаше како уште еднаш неговата мрежа се тресе под силата на Проект.

  • СИТЕ ГОЛОВИ ОД ДЕРБИТО МЕЃУ ПРОЕКТ И ФОРЦА:
  • Проект – машина што не застанува

Тимот на тренерот Игор Димов одигра перфектен меч. Дисциплина, брзина, комбинации, агресија – сè изгледаше „како по ноти“. Проект беше супериорен во секој аспект.

Од другата страна, стратегот на Форца, Газменд Хисејини, беше во целосно неверување додека гледаше како неговиот тим се распаѓа во текот на мечот.


  • Голем ривалитет, уште поголем фер-плеј

Иако дербито беше жестоко и резултатски драматично за Форца, на крајот двете екипи си подадоа рака во знак на фер-плеј – вистинска порака дека македонскиот футсал расте и на спортски, и на човечки план.

Проект со оваа победа ја испраќа најсилната порака досега: борбата за титулата е отворена, а шампионот има сериозен противник кој се враќа на голема врата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!