РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Тентов: „Горди сме на вашите успеси – продолжете да блескате на спортските терени“

Сподели
ФОТО: Илија Тентов - Градоначалник на Општина Дојран
Сподели

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години престојува во спортскиот центар „Истатов“ во Дојран, каде што ја започна квалификациската кампања за Европското првенство на УЕФА во одличен стил.

Младите репрезентативки, предводени од искусниот стратег Кирил Изов, вчера ја совладаа Грузија со убедливи 3:0 во првото коло од квалификацискиот турнир (рунда 1, група Б5), што дополнително ја нагласи позитивната атмосфера и мотивот со кој работат.

Во рамките на нивниот престој, репрезентацијата денес беше свечено пречекана во просториите на Општина Дојран од градоначалникот Илија Тентов.

ФОТО: Илија Тентов – Градоначалник на Општина Дојран

Состанокот помина во исклучително позитивна и конструктивна атмосфера, а градоначалникот се пофали со зрелоста, професионализмот и енергијата на младите фудбалерки.

„Во просториите на Општина Дојран денес ја имав исклучителната чест да ја пречекам женската У19 репрезентација на Република Македонија. Овој пријатен и содржаен спортски состанок отвори можност за подетална размена на мислења, идеи и искуства со младите репрезентативки до 19 годишна возраст, кои достоинствено ја претставуваат нашата држава на меѓународната спортска фудбалска сцена. Разговаравме за нивниот развоен пат, тековните подготовки, плановите за претстојните натпревари, како и за амбициите што ги мотивираат секојдневно да вложуваат труд, дисциплина и посветеност. Нивната зрелост, професионален пристап и нескриена љубов кон фудбалот се вистинска инспирација и потврда дека македонскиот спорт има светла иднина. Притоа, добив и посебен подарок – официјален дрес од У19 репрезентацијата на Македонија, кој со огромно задоволство ќе го носам секогаш кога ќе навивам за боите на Македонија. Тоа за мене претставува симбол на заедништво, поддршка и почит кон сите млади спортистки и спортисти што со срце и труд се борат за успех во сите спортови во кои Македонија се натпреварува. На репрезентацијата ѝ посакувам континуирани успеси, здравје, мотивација и многу спортски фудбалски победи. Нивната енергија и стремеж се охрабрувачки пример за сите млади генерации кои чекорат по патот на спортот. Општина Дојран и понатаму ќе остане отворена за поддршка на спортот, младите таленти и сите иницијативи што придонесуваат за развој на локалната заедница и промоција на нашите национални вредности. Горди сме на вашите успеси – продолжете да блескате на спортските терени и да ја носите Македонија во срцето“, изјава од градоначалникот на општина Дојран, Илија Тентов.

ФОТО: Илија Тентов – Градоначалник на Општина Дојран

По убедливата победа над Грузија, младите фудбалерки го насочуваат вниманието кон второто коло, каде на 28 ноември во 12:00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се соочат со Азербејџан.

Со ваква поддршка, атмосфера и мотивација – Македонија У19 влегува уверено во борба за пласман во следната рунда и продолжување на успешната приказна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

ММА спектакл во Скопје: ФНЦ за првпат во Македонија со 11 борби, министерот за спорт Борко Ристовски со поддршка за настанот!

Министерот за спорт, Борко Ристовски, вчера присуствуваше на прес-конференцијата по повод одржувањето на „FNC 34 Fight Nation Championship“, првиот настан на една од...

Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост, оствари значаен успех освојувајќи го првото место на Балканското...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!