Ракомет

Магдебург го однесе пленот од Битола, иако Пелистер пружи силен отпор

Сподели
ФОТО: Еурофарм Пелистер
Сподели

Македонскиот првак, Еурофарм Пелистер загуби на домашен терен од европскиот шампион Магдебург со 31-26, но битолчани покажаа дека можат да пружат отпор дури и на најсилните тимови.

Гостите започнаа со водство од 4-1, а Радивојевиќ и Хенигман успеаја да намалат на 4-3 по грешката на Магнусон. Пелистер имаше шанси да израмни, но европскиот првак веднаш казни за нова предност од три гола. И покрај моментите со двајца играчи помалку, Магдебург ја одржа предноста, која по 20 минути игра достигна пет гола, што го натера Гарабаја да побара тајм-аут.

Во продолжението, Пелистер намали на 15-12, а судиската контроверзна одлука за пенал, кој Брестовац успешно го одбрани, ги разбуди домашните навивачи. Митревски се истакна во второто полувреме со моќни интервенции, а капитенот Кузмановски, како и Ристевски и Хаџиќ, се вратија во игра, што донесе и моментален резултат од минус четири за Битолчани.

Сепак, Магдебург го контролираше мечот и го одработи рутински за победа, додека Пелистер не успеа да го запре Саугструп, кој постигна шест гола од шест обиди. Најдобри кај домашните беа Радивојевиќ и Манасков со по пет погодоци, додека Митревски забележа 11 интервенции.

Следниот предизвик за Еурофарм Пелистер е гостувањето кај хрватскиот шампион Загреб на 3 декември, натпревар кој може да биде клучен во борбата за осминафиналето, особено ако Загреб и ГОГ загубат во нивните натпревари против ПИК Сегед и Барселона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!