Трета лигаФудбал

Тетекс слави важна победа над Вардар Брвеница, Напредок загуби, пораз и за Љуботен

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Дербито меѓу Вардар Брвеница и Тетекс заврши со минимална победа од 0:1 за ланскиот второлигаш, кој славеше со голот на Јамини во 84. минута од мечот, во рамки на 8. коло во Трета лига – Запад.

Тешка, минимална, но голема победа за Тетекс кој сака експресно да се врати во Втора лига.

Османи и Садики обезбедија победа од 2:1 за Камјани над Речица, за гостинот погоди Шасивари.

Доброшти запиша голема победа од 4:2 над Џепчишти, каде Етеми погоди двапати, а по еден гол постигнаа Сулимани и Салихи. За гостинот двата гола ги даде Саљиу.
Поранешниот прволигаш Напредок дома со 1:2 загуби од Зајази каде Котевски беше стрелец за Напредок, а Муслиу и Ќерими за гостинот.

Љуботен со 1:2 загуби од Велазерими од Слатино. Петровски постигна гол за домаќинот, а за гостите Вељии и Мемиши за победа преку пресврт.

Вчера како што објави Спортска Мрежа, Влазерими со 0:2 ја доби Ренова.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!