РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија до 15 години со пораз на првиот тест против Србија

Сподели
ФОТО: Фудбалска федерација на Македонија
Сподели

Репрезентацијата на Македонија до 15 години е поразена со 1:4 од соодветната селекција на Србија на првиот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Нашите млади фудбалери подобро го отворија натпреварот и први сериозно се заканија кон голот на противникот. Костовски упати силен удар од далечина, но голманот на Србија успешно интервенираше и ја сочува својата мрежа.

Кон крајот на првиот дел, Србија го покажа својот квалитет и за неполни седум минути постигна два погодоци. Матеја Јовановиќ во 39. минута го отвори резултатот, а во втората минута од судиското продолжение, Кабир Наиловиќ ја зголеми предноста на 2:0.

На стартот од второто полувреме, Вукашин Мирковиќ постигна уште еден гол за Србија и зголеми на 3:0. Македонија по подолго време се закани преку Амити во 60. минута, но без промена на резултатот. Со гол од пенал во 64. минута, Павле Пријовиќ погоди за 4:0. Три минути подоцна Доротеј Христов успеа да ја намали предноста на Србија и да ги постави конечните 1:4.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Никола Кочовиќ е нов кошаркар на КК Пелистер

Кошаркарскиот клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новите предизвици во сезоната. Нов член на битолскиот тим е српскиот интернационалец Никола Кочовиќ, искусен бек...

Кошарка

Јован Кузмановски е нов претседател на КК Пелистер!

Јован Кузмановски е избран за нов претседател на Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, соопштија официјално од клубот. Кузмановски доаѓа на местото на Бојан...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!