Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години предводена од селекторот Кирил Изов ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Русија до 19 години.
Двата натпревари се закажани да се одиграат на стадионот „Кукуш“ во Турново.
Искусниот стратег Изов го објави списокот со фудбалерки на кои ќе смета и ќе комбинира за натпреварите со Русија.
На голот селекторот Изов на располагање ќе ги има Ведрана Комненова од Љуботен и Ангела Блажева од редовите на Каменица Саса.
Во одбраната на македонската репрезентација ќе ја сочинуваат Росана Китановска (Љуботен), Михаела Додевска (Скопје), Јована Каралиоска (Скопје), Мила Панева (Скопје), Александра Ристевска (Топ Гол), Васка Василева (Каменица Саса), Канита Емини (Истатов) и Ангела Димчова (Тиверија Брера).
Во средниот ред на располагање ќе бидат Теона Галабовска (Тиверија Брера), Стефанија Божинова (Тиверија Брера), Сара Дика (АС Јунајтед), Андреа Коловска (Истатов), Никица Трендова (Скопје) и Кристина Крстева (Скопје).
Во нападот на нашата репрезентација ќе бидат Настасија Накова и Елена Симјонова кои доаѓаат од Љуботен, Ана Боризоска од екипата на Скопје, Калина Попески од Црвена Звезда и Емили Митковска од екипата на Речица.
Македонската женска репрезентација до 19 години, од 25. ноември до 1. декември, ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, група Б, за пласман во повисок ранг квалификации за ЕП. На турнирот во Струмица ќе се соочиме со Грузија, Азербејџан и Словенија.