ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Сподели
Сподели

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на Фудбалската федерација на Македонија, на која главна тема беше развојот на фудбалската инфраструктура и поддршката за локалните клубови.

Во разговорот, посебен акцент беше ставен на ФК Единство од Пиперево, клуб кој оваа сезона се натпреварува во Општинската фудбалска лига – Струмица. Општината веќе обезбедува финансиска поддршка, а како што најави градоначалникот, таа ќе продолжи и ќе се прошири со нови инвестиции во спортските терени во Василево и Пиперево.

Андонов истакна дека приоритет е и повторно активирање на фудбалскиот клуб од Василево, кој од идната година се очекува да се приклучи во општинската лига, со што би се зајакнал спортскиот живот во заедницата.

“Остварив плодна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, г. Илија Илиев, претставник на Фудбалската федерација на Македонија. Општина Василево ќе продолжи да обезбедува финансиски средства за ФК Единство од Пиперево, како и за новите инвестиции што ги планираме на фудбалските терени во Василево и Пиперево. Моја цел е и фудбалскиот клуб од Василево идната година, да почне да се натпреварува во општинската лига. Спортот и младите остануваат еден од врвните приоритети во развојот на нашата општина”, рече градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

Со ова, општина Василево уште еднаш потврдува дека спортот и младите остануваат во фокусот на локалниот развој.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!