Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов со одлична есенска полусезона – ќе презими на горниот дел од табелата во ПЖФЛ

Сподели
Сподели

Екипата на Истатов есенската полусезона ја заврши во горниот дел од табелата односно на четвртото место, но со бод помалку од третопласираната Тиверија Брера.

Девојките на искусниот стратег Кирил Изов имаат одлична есен зад себе со осум победи, четири порази и две ремија – 26 бодови и четврто место.

Тимот има позитивна гол разлика од 36 постигнати погодоци, што ја истакнува ефикасноста на нападот, а беа примени 17 погодоци за +19 гол разлика.

Екипата веќе е на заслужен одмор, од клубот истакнуваат дека имале одлична есенска полусезона и дека се задоволни од резултатите, после Новогодишните и Божиќните празници ќе се „запалат моторите“ за подготовки за пролетниот дел.

Истатов беше првиот тим кој успеа да ја запре победничката серија на актуелниот шампион, откако на домашниот терен во Пржино одигра 2:2, а токму тоа реми многу „скапо“ го плати Љуботен, кој во последното есенско коло го загуби дербито со Скопје препуштајќи го врвот од табелата – така Скопје стана есенски шампион. Теренот во Пржино се покажа „кобен“ за фаворитите кои губеа бодови.


Екипата на Истатов успеа во 72 часа да добие две екипи кои минатата сезона беа конкуренти за титулата. На 16 ноеври на домашен терен со 1:0 славеше над Тиверија Брера, а на 19 ноември го доби тимот на Каменица Саса во гости со 1:2.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!