Екипата на Могила се подготвува за неделното соочување со лидерот Влазними во одложениот меч од 7. коло на Трета лига – Југозапад.
Искусниот Оливер Даралиовски посакува триумф, вели дека на свои 40 години живее спортска енергија што ретко се чувствува, силно мотивиран тој и неговиот тим посакуваат три бодови.
„Могила го живее сонот, а јас, верувале или не, на свои 40 години живеам спортска енергија што ретко се чувствува. На почетокот зборувавме дека треба да созреваме како екипа. Денес сме горди на континуитетот, карактерот и резултатите. Имаме само еден пораз, најефикасен напад, најдобар стрелец, најдобра гол-разлика и најмлада екипа во лигата со просек од 23 години. Посакувам овој сон да се оствари и тоа да биде шлагот на мојата кариера. Секој ден гледам глад, желба и храброст кај овие млади момци. Време е Могила да игра во втора лига“, вели Даралиовски.