Трета лигаФудбал

Спировски: Ветив Втора лига и еве, заеднички ја носиме во Могила

Сподели
Сподели

В недела екипата на Могила на домашен терен ќе игра дерби меч со лидерот Влазними од Струга – ова е одложениот меч од седмото коло, кој требаше претходно да биде одигран.

Во таборот на Могила владее позитивна енергија и желба за надигрување со струшкиот тим, а домаќинот сака три бодови.

Капитенот на Могила, Антонио Спировски го најавува мечот со Влазними кој се игра в недела од 13 часот.

„Почнавме пред две и пол години од најниската македонска лига – Б лигата на ОФС Битола. Таму бевме шампиони и финалисти во Купот. Следната сезона повторно шампиони во А лигата и повторно финалисти, со што заслужено се пласиравме во Трета лига – Југозапад. Уште тогаш, сите што ме познаваат ме советуваа дека моето место е најмалку во Втора лига. А јас секогаш категорично одговарав – Втора лига ќе ја донесам тука, во Могила! На многумина им изгледаше нереално. Но јас успеав да ги убедам моите соиграчи дека не само моето, туку нашето место е во Втора лига. Денес сме на чекор до сонот и верувајте ми, нема да застанеме тука“, истакна нашиот капитен Спировски.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи со 1:2 благодарение на двата погодоци на Горан Закариќ. Напаѓачот на...

Трета лигаФудбал

Хитот Огражден со нова победа за избивање на врвот, Овче Поле убедлив во Делчево, Карбинци со нов пораз

Од шест меча на 5. коло на Трета лига регион 3, се одиграа четири меча. Како што веќе објави Спортска Мрежа, мечот во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Закариќ го сруши Скопје во судиското надополнување, Вардар се доближи до врвот, Варадиновски со деби пораз

Вардар освои големи три бода на гостувањето кај Скопје во Автокоманда, славејќи...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново и тетовска Шкендија ги поделија бодовите

Шкендија Тетово и Шкендија Арачиново одиграа нерешено 1:1 во дуелот од деветтото...

Трета лигаФудбал

Тиверија повторно не се појави на теренот, Каменица Саса добива службени 3:0!

Натпреварот од петтото коло во Третата македонска фудбалска лига – регион 3,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!