Ракомет

„Ги изненадивме во Битола и сигурно нема да одиме кај нив со бело знаме“ – Абутовиќ најавува борбен реванш со ПИК Сегед!

Сподели
ФОТО: Еурофарм Пелистер
Сподели

Со скоро комплетен ростер и голем ентузијазам, ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за вториот натпревар со унгарскиот гигант ПИК Сегед во Лигата на шампионите, кој ќе се одигра на 20.11.2025 (четврток) со почеток во 18:45 часот во „Pick Aréna“ во Сегед.  Пред патот за Унгарија, дефанзивецот Илија Абутовиќ зборуваше за моменталната форма на тимот и очекувањата за предизвиците што ги чекаат.

Абутовиќ потенцира дека тимот постепено ја кревал формата и речиси целиот ростер е комплетен. Иако дуелот на гости со ПИК Сегед ќе биде потешок, тој нагласува дека тимот е подготвен за борба и дека новиот тренер донел нова филозофија што ја подобрува играта на екипата.

„Може да кажеме дека ја креваме формата и се радуваме што скоро целиот ростер сега е комплетен. Ја забележавме можеби досега најголемата победа во елитното натпреварување. Секој играч е важен за нас и знаеме дека можеме да се носиме со сите ривали. Играме со ПИК Сегед двапати во седум дена, но сега ќе биде потешко затоа што играме на гости, а и тие очекувам да имаат многу посериозен пристап кон нас. Ги изненадивме во Битола и сигурно нема да одиме кај нив со бело знаме. Периодот на адаптација е готов, со новиот тренер добивме нова филозофија, ги сфативме сите комбинации и направивме добра анализа на сработеното. Чекориме во нагорна линија, затоа се надевам дека ќе играме подобро и подобро. Во следните триесет дена имаме многу важни натпревари.“- изјави Абутовиќ.

Еурофарм Пелистер заминува во Унгарија со јасна цел – да се бори до последен момент и да го покаже својот максимум против ПИК Сегед. Како што истакнува Илија Абутовиќ, тимот чекори во нагорна линија и секој натпревар е можност за уште подобра игра.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!