Во рамки на 3. коло од Првата футсал лига шампионот Форца со превисоки 15:1 го торпедираше Кеги Моби од Велес, кој беше инфериорен противник на терен и немаше капацитет ниту на момент да го запре пресилниот тим на Форца.
Победата беше повеќе од очекувана за што најава и Спортска Мрежа во најавата на колото, а на полувреме резултат беше 6:0 со што во вторниот дел како на тренинг меч Форца стигна до нов висок триумф од конечни 15:1.
По три гола постигнаа Гомез Ванегас и Марињо Де Соуза, по два погодоци постигнаа Петровиќ и Зекири, а по еден гол Беррио, Крстевски, Левески, Марадани и Посада.
Како што веќе објави Спортска Мрежа во Кавадарци беше отворено колото со пораз на Клими од Проект со 4:5. Извештајот од овој меч можете да го прочитате овде.