Трета лигаФудбал

Влазерими убедлив против Напредок, Тетекс на крилата на Ерјон Елмази до нова победа, Берзати постигна четири гола!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Шесттото коло од Трета лига – Запад беше отворено вчера со четири натпревари, а ќе се комплетира денес со два наптревари.

Ланскиот второлигаш Тетекс во Боговиње со 0:2 славеше над Дрита во меч каде Ерјон Елмази со два гола во 75. и 94. минута обезбеди победа за „штофарите“ од Тетово.

Љуботен со голот на Јакуп Касами во 80. минута дојде до победа над Речица од минимални 1:0.

Ланскиот шампион Влазерими кој не го помина баражот за Втора лига запиша висока и убедлива победа во дербито со некогашниот прволигаш Напредок од Кичево со резултат од 1:4.

Во првиот дел мрежите мируваа, а во второто полувреме гостинот постигна четири погодоци. Најпрво Имери во 49. минута погоди за 0:1, а потоа Елези во 52. минута зголеми веќе на 0:2.

По три минути игра Адили постигна гол за 0:3, а во 57. минута Елези со втор гол обезбеди 0:4.

Во 81. минута Мирчески постигна утешен гол за домаќинот за конечни 1:4.

Ренова на домашен терен загуби во меч со седум гола од Кајмани за конечни 2:5.

Во првиот дел паднаа по еден гол на двете страни. Османи постигна гол за 0:1, а пак Саити за 1:1. Во вториотдел Берзани во 63. и 70. минута погоди за 1:3. Во 78. минута од средбата во Џепчишти Ќамили намали на 2:3, а до крајот Берзати со два гола ги постави конечните 2:5.

Денес Доброшти ќе биде домаќин на Зајази, а ак Вардар Брвеница ќе го пречека Велазерими од Слатино.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби официјална потврда – Раде Цицмиловиќ е нов тренер на Беласица! Искусниот...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!