Ракомет

Андоновски: Младост ја заслужува Суперлигата – ќе дадеме сè од себе да ја оствариме таа цел

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во сабота, со почеток од 19 часот, спортската сала „Млаз“ во Богданци ќе биде домаќин на едно од највозбудливите дербија во досегашниот дел од сезоната во Првата ракометна лига. Се среќаваат двете непоразени екипи — РК Младост и РК Мулти Есенс — во директна пресметка на ривали кои отворено атакуваат на влез во ракометната елита, Суперлигата.

Младост, под водство на стратегот Горан Андоновски, одигра одлично во првите пет кола од шампионатот, прикажувајќи препознатлива енергија, брз ракомет и цврста одбрана. Андоновски, кој стои зад резултатскиот подем на тимот, во пресрет на дербито вели дека зад добрата форма стои долга и напорна работа.

„Во првите пет кола од првенството прикажавме доминантна игра со ефикасен напад и цврста одбрана, игра со многу висок интензитет и во ниту еден момент не им дозволивме на противниците да се надеваат на позитивен исход. Работиме макотрпно од 28 јули до денес, а резултатот го презентираме на терен,“ изјави Андоновски, додавајќи дека конкуренцијата оваа сезона е на повисоко ниво.

„Првата лига оваа година е доста квалитетна, следена од изненадувачки за мене голем број посетители, и веќе на табелата се селектираа четири екипи кои ќе одат во безпоштедна битка за првите две места, а тоа се Младост, Мулти Есенс, Вардар Неготино и Драчево Јуниор. Плус има уште 3-4 тимови кои се способни да изненадат, особено на домашен терен. Секој меч за нас е еден вид бараж натпревар и влегуваме максимално во истиот.“

Дербито во Богданци носи и дополнителен наратив. Младост има нереализиран сон од минатата сезона — враќање во Суперлигата, а Андоновски не го крие фактот дека неговиот тим има и реванш-мотив против Мулти Есенс.

„Мулти Есенс е голем должник на Младост од минатата сезона, бидејќи излезе како победник во двата меча и со тоа директно допринесе Младост да не е суперлигаш. Станува збор за екипа составена од млади играчи собрани од цела Македонија, со одлични услови за тренинг, плус неколку поискусни и квалитетни ракометари и како целина изгледаат како копија од првата екипа Алкалоид. Очекувам голема борба за секоја топка, вистински суперлигашки меч – и нека победи подобриот на терен.“

Во својата завршна изјава, стратегот на Младост ја потенцира силната поддршка што тимот ја добива од градот и навивачите.

„Повторувам дека Младост според тоа колку граѓаните на Богданци, локалните градови и управата на клубот го сакаат клубот, полната сала која е наш 8-ми играч, заслужува да игра Суперлига, а јас, стручниот штаб и играчите со својата работа, посветеност, пожртвуваност и квалитет на теренот, ќе дадеме сè од себе да ја остваруваме таа цел. Се гледаме во сала на уште еден празник на ракометот.“

Младост ќе ја има поддршката на својата публика во „Млаз“, која веќе неколку сезони важи за едно од најжешките ракометни места во Македонија. Со оглед на формата на двата тима, дербито со Мулти Есенс ветува врвен ракомет, страст и неизвесност до последната секунда.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!