РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година на гостувањето во Црна Гора забележа уште еден пораз. Овој пат нашите надежи се совладани со 3:2.

Избраниците на селекторот Станиќ на полувремето водеа со 0:1 но во вториот дел домашните за релативно краток период постигнаа три гола. Ова е трет пораз на Македонија по стартните против Полска односно Италија, а имаме и еден триумф против Ерменија на домашен терен.

Првиот наш обид кон противничкиот гол беше на Меметриза Хамза, кој одлично шутираше со лева нога, но голманот Радановиќ интервенира. Корнерот кој што беше изведен потоа донесе водство. По краткото проигрување, токму Меметриза Хамза нафрли одлично, а Мелиќи на петерецот највисок, погодува во десниот агол на Радановиќ.

Домашните се обидоа на два пати, со удари од надвор од шеснаесетникот, но и со удар од непосредна близина, но Васко Василев во првиот дел одличен и сигурен.

Нашата најголема шанса за двојно водство пристигна по двојното проигрување на Дашмир Елези, кој од непосредна близина на голот на Радановиќ, убаво шутираше од прва, но црногорскиот голман овој пат на висина на задачата.

На спротивната пак страна Вуканиќ последен се закани, но по акцијата од лево и одличното проигрување за него, играчот на Будуќност шутираше над голот.

Во 54 минута Димитар Трајков се обиде од полудистанца со лева, но Радановиќ повторно сигурен. Нешто што не може да се каже за нашиот голман, Васко Василев, кој што 56. Минута на ударот на Вуканиќ од свртување ја одби топката во својот петерец, а таму налета „деветката“ Перишиќ и реализираше за 1:1.

По израмнувањето на домаќинот, Македонија повторно се обиде да дојде до водство и се префрли на домашната половина. Тоа му овозможи на домаќинот да има простор на нашата половина за контра напади, а еден таков им донесе и водство. Мрваљевиќ одлично поведе на нашата половина, додаде за Јуковиќ, а овој со финта се намести на десна нога и шутираше неодбранливо за 2:1.

Тоа се случи во 68. Минута, за да веќе во 73. Домаќинот има 3:1. Вуковиќ нафрли од десно, топката стигна токму до Мрваљевиќ, а овој со помош на еден од нашите играчи во кој што удри топката постигна гол за двојно водство на домашните.

Македонија од ова не успеа да се врати во игра иако имавме минимални шанси на крајот од мечот. Истите ни ги донесе Димитар Трајков кој постигна гол во судиското продолжение. Сепак, немавме сила за да се вратиме резултатски комплетно.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Убедлива победа на Македонија U20: Данев и Величковски го решија мечот во Шан

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години вчера забележа убедлива победа од 0:3...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: Тимот е млад, мотивиран и подготвен да се претстави достоинствено

Репрезентацијата на Македонија до 20 години, предводена од селекторот Александар Таневски, денеска...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Еве кога фудбалската репрезентација на Македонија ќе го добие новиот селектор!

Управниот одбор (УО) на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на вчерашната седница...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!