Втора женска фудбалска лигаФудбал

Мила Талевска се врати од пензија и повторно го облече дресот на Конзули!

Сподели
ФОТО: ЖФК Конзули
Сподели

Искусната фудбалерка Мила Талевска се врати на зелениот терен и повторно го облече дресот на ЖФК Конзули од Битола. Иако само пред неколку месеци најави крај на активната кариера и посветување на тренерската работа, 26-годишната фудбалерка реши повторно да го почувствува натпреварувачкиот адреналин и да помогне на својот поранешен клуб.

Откако ЖФК Конзули се реактивираше и реши да се врати на фудбалската карта на Македонија со амбиција за враќање во Првата женска фудбалска лига, Талевска одлучи повторно да го облече дресот, овојпат и со капитенската лента на раката. Со нејзиното искуство и лидерство, тимот од Битола блеска во Втората лига и се движи сигурно кон пласман во елитата, при тоа без пораз во тековната сезона.

  • Богата кариера низ македонскиот женски фудбал

Битолчанката Талевска својата кариера ја започна во ЖФК Топ Гол во февруари 2013 година, каде настапуваше до февруари 2015. Потоа премина во ЖФК Конзули, каде што остана до август 2016 година. Следуваше нова авантура во редовите на ЖФК Атлетико, каде што го носеше дресот од август 2016 до јуни 2018 година.

Од јули 2018 до август 2023 година, Талевска настапуваше за ЖФК Каменица Саса, еден од најуспешните женски фудбалски клубови во земјата, каде што остави длабока трага со својата сигурност, зрелост и борбеност. По пет успешни години во Македонска Каменица, таа се врати во родната Битола, повторно во дресот на Атлетико, каде што настапуваше до август 2025 година.

ФОТО: ЖФК Конзули

Иако најави дека ќе стави крај на кариерата и ќе се насочи кон тренерството, љубовта кон фудбалот сепак надвладеа – и Талевска се врати таму каде што најмногу ѝ припаѓа – на теренот.

  • Капитен, лидер и инспирација

Како поранешна репрезентативка на Македонија, Мила Талевска ја користи својата улога не само за да го предводи тимот кон успех, туку и за да биде пример за младите фудбалерки. Таа досега постигна четири погодоци за Конзули во новата сезона и е меѓу најзаслужните за резултатската доминација на тимот.

Со нејзиното враќање, битолскиот клуб доби вистински лидер на теренот и во соблекувалната – личност која со својот став, искуство и љубов кон играта ја симболизира страста кон женскиот фудбал во Македонија.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!