Останато

Лина Ѓорческа ја победи Каролина Плишкова, поранешна тенисерка број еден во светот

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа направи големо изненадување на стартот на силниот ВТА турнир W125 Самсун Опен, откако денеска во првото коло ја надигра поранешната светска број 1, Каролина Плишкова од Чешка, со 2-0 во сетови (6:4, 6:3) за 75 минути игра.

Плишкова, која во кариерата поминала осум недели на врвот на ВТА ранг-листата и двапати се пласирала во финалето на Грен слем турнирите (Вимблдон и УС Опен), денеска немаше одговор на сигурната игра на Ѓорческа.

Во првиот сет, Плишкова поведе со брејк и резултат 4:2, но Ѓорческа направи серија од четири гема со два брејка за да го заврши сетот со 6:4. Во вториот сет, единствениот брејк Лина го направи во четвртиот гем, по 14 одиграни поени, за предноста од брејкот да ја задржи до крајот и да го добие сетот со 6:3.

Во второто коло, Ѓорческа ќе се соочи со Белгинката Софија Костулас, која денеска со 2-0 (7:6(1), 6:4) ја победи Полјачката Вероника Фалковска.

Покрај тоа, Ѓорческа денеска ќе има уште еден меч во конкуренција на двојки. Заедно со Чагла Бујуякчај од Турција треба да го завршат натпреварот од првото коло против словенечките тенисерки Далила Јакупович и Ника Радишич. Словенечкиот дуел моментално води со 1-0 во сетови, а во вториот сет резултатот е 1:1, откако мечот беше прекинат поради дожд.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!