ИнтернационалциФудбал

Бобан Николов повторно во Романија – потпиша двегодишен договор за Констанца

Сподели
ФОТО:instagram Farul Constanta
Сподели

Македонскиот репрезентативец 31-годишниот Бобан Николов повторно ќе го облече дресот на Констанца – клуб кој се смета за наследник на познатата Академија Хаџи, местото каде што ги направи своите први чекори во интернационалниот фудбал.

По цели 12 години, Николов се враќа „дома“ и потпиша двегодишен договор со романскиот клуб. По разделбата со Борац Бања Лука ова лето, тој ја избра Романија како своја следна дестинација – земја во која остави длабок печат со настапите за неколку клубови, меѓу кои и славната Стеауа (ФЦСБ).

Неговата богата кариера започна во Вардар, а потоа продолжи во унгарскиот МОЛ Фехервар, па повторно во Романија, Лече (Италија) и Босна и Херцеговина. Со искуство собрано на повеќе европски терени, Николов ќе биде значајно засилување за амбициозниот состав на Констанца.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!