Трета лигаФудбал

Исмаили: Нема основа за реакција на Напредок, ги демантирам нивните обвинувања!

Сподели
Сподели

Откако поранешниот прволигаш Напредок од Кичево преку соопштение реагираше за судиски оштетувања, реагираше комесарот за делегирање во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили преку соопштение кое го испрати до Спортска Мрежа.

Исмаили вели дека нема основа на која да реагираат од ФК Напредок, бидејќи имале висок триумф на мечот против Ренова, а воедно како што вели ги демантира обвинувањата на третолигашот Напредок од Кичево.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА МУЗАФЕР ИСМАИЛИ:

„Целосно со полна одговорност јас како коментар за делегирање во Трета лига – Запад ги демантирам, воедно чувствувам голема разочараност од соопштението на ФК Напредок АД, каде обвинуваат судија кој е во единствената листа во Прва и Втора лига при ФФМ. Имено со соопштението на горенаведениот клуб е сосема неосновано и неприфатливо. На истиот натпревар екипата на ФК Напредок победи со 0:4, и не ми е јасно каде судијата ги оштетил нив. ФК Напредок по четири одиграни кола е најнедисциплирана екипа во Трета лига – Запад каде од записниците на сите одиграни натпревари слободно можете да констатирате дека на секој натпревар во просек имаат по 6 до 7 жолти картони и на секој натпревар по еден или повеќе црвени картони. Што значи во иднина истиот клуб треба да внимава со неговите соопштенија да не бидат смешни во спортската јавност“, вели Музафер Исмаили, комесар во Трета лига – Запад.

Утре Напредок ќе се соочи со последнопласираната Речица, каде главен судија ќе биде Пларент Салихи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!