Прва лигаФудбал

Новиот сопственик од Унгарија: Ајде да го направиме Вардар повторно голем!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Најтрофејниот фудбалскиот клуб Вардар и официјално доби нов сопственик од Унгарија, со 85% од акциите на компанијата односно АД ФК Вардар – Скопје, со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.

Нов сопственик на скопски Вардар е Атила Бижен Жалили, кој преку соопштение се обрати до јавноста, а во истото се вели дека Вардар финансиски ќе се стабилизира, како и резултатски, но и дека Вардар одново ќе биде голем клуб.

„Задоволство ми е да ја информирам македонската јавност дека од 7.10.2024 година, според претходно потпишан договор, 85% од акциите на АД ФК Вардар – Скопје се преземени со управувачкиот пакет на компанијата. Имаме повеќегодишно искуство во менаџирање на големи фудбалски клубови и соработка со многу познати фудбалски клубови во Европа, ветуваме брза финансиска, организациона и резултатска консолидација на овој најголем спортски бренд во Македонија. Во изминатите години, како дополнување на нашите бизниси кои ги имаме, нашата цел беше да превземеме клуб од Централна Европа или Балканот. Имавме неколку опции, но благодарение на аргументите кои ни претстави г-дин Миленко Неделковски, се решивме за најголемиот спортски бренд во Македонија. Ајде да го направиме Вардар повторно голем.“, стои во соопштението на новиот сопственик на Вардар.

Вардар во низа имаше два големи порази од Шкендија во Тетово со 4:0, но и од шампионот Струга Трим Лум дома од 1:4. Вардар е во долниот дел од табелата со седум бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!