Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица ги претстави новите дресови за сезоната 2025/26

Сподели
Сподели

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш официјално ги претстави новите дресови со кои ќе настапува во сезоната 2025/26.

Новите дресови се од брендот „Givova“ и доаѓаат во елегантна бело-плава комбинација, која ќе биде заштитен знак на радовишани во претстојната сезона.

Првиот домашен натпревар за Детонит Плачковица е закажан за денес на Градскиот стадион во Радовиш, каде од 16:00 часот ќе го пречекаат тимот на Слога Виница.


Радовишани во новата сезона влегуваат со освежен ростер, нова енергија и повисоки амбиции, а клубот инвестираше и во комплетно нова опрема, дел од која се и новите дресови.

Навивачите денес ќе имаат можност одблиску да го проследат првиот домашен меч на својот миленик во новата сезона.

МЕГА ФОТОГАЛЕРИЈА до новите дресови на Детонит Плачковица и од последниот тренинг на радовишани пред денешниот натпревар со Слога Виница ќе биде достапна на нашата официјална фејсбук страница и инстаграм профил.


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Битола слави голема победа – Еурофарм Пелистер со неверојатен пресврт го урна германски Гумерсбах!

Битола вечерва повторно ја почувствува магијата на големите европски ракометни вечери! Еурофарм Пелистер приреди вистински спектакл во салата „Боро Чурлевски“, совладувајќи го германскиот...

Ракомет

Андоновски: Со борба до последен здив за секоја топка, одиме по првата сезонска победа против Струга!

В сабота од 18 часот салата „Млаз“ во Богданци повторно ќе се наполни до последното место за мечот меѓу Младост и Струга од...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Беласица ќе добие нов тренер, Раде Цицмиловиќ поднесе оставка поради лични причини

Второлигашот Беласица ќе добие нов тренер откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка и...

ФудбалЧетврта лига

Маџари го доби дуелот со Гоце Делчев, Зелениково со пет гола за Ускуп, лидерот Бујковци до три бода

Четири домашни и една гостинска победа го одбележаа осмото коло во Четвртата...

ФудбалФутсал

Шкупи во финишот до три бода, Форца со 15 гола против Клими, Осогово до голем триумф!

Поранешниот шампион Форца со неверојатни 15:1 го „разнесе“ Клими од Кавадарци во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!