Ракомет

Вардар убедливо ја отвори новата сезона, Јапонецот Кавада блесна со девет гола

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Вардар 1961 на најдобар можен начин ја започнаа новата сезона во македонската Суперлига, откако на гостувањето кај Струга славеа убедлива победа со 38-25 (20-12).

По поразот во Суперкупот од Еурофарм Пелистер, избраниците на Иван Чупиќ брзо се консолидираа и покажаа дека остануваат главен фаворит за титулата. Иако настапија без неколку клучни играчи – Гоце Георгиевски, Јака Малус, Махамаду Кеита, Милош Валах и Вуко Борозан – вардарци доминираа од почеток до крај.

Домашните имаа минимално водство од 4-3 во 7. минута, но потоа „црвено-црните“ ја презедоа целосно контролата. Со брзи транзиции и сигурна реализација, Вардар ја зголемуваше предноста и на полувреме замина со комотни 20-12. Во второто полувреме гостите уште повеќе ја зголемуваа предноста, стигнувајќи и до плус 12 во 45. минута (30-18), а до крајот рутински го приведоа мечот кон убедлива победа.

Харуки Кавада, јапонското летно засилување, повторно се истакна како најопасно оружје на Вардар, завршувајќи со 9 погодоци од 11 обиди. Во листата на стрелците се впишаа уште десет ракометари на Вардар, што ја потврдува ширината на ростерот. Кај домаќините, Стефан Атанасовски беше најдобар поединец со 7 голови.

Со оваа победа Вардар ја најави сериозната борба за нова шампионска титула, додека Струга ќе се фокусира на главната цел – обезбедување опстанок и освојување што е можно повеќе бодови во регуларниот дел од сезоната.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака со огромна победа во Брвеница – ДЕСЕТКА против Партизан Југ

Тимот на Каршиака продолжува со победничката форма на патот кон обезбедување на место во Првата футсал лига за следната сезона, откако на воведниот...

ФудбалФутсал

Михаил Павловски во последната минута го спаси Осогово – реми против Јувентус Серава

Неизвесен меч без победник со четири погодоци вечерва одиграа Јувентус Серава и Осогово од Крива Паланка (2:2) за отварање на 14. коло во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Кузмановски со пенал во последна секунда донесе реми против Австрија

Со гол од пенал во последната секунда, капитенот- Филип Кузмановски донесе реми...

Ракомет

ВИДЕО: Јовчевски со 15, а Пејковски со 13 „проектили“: Партизан со моќна победа над Шампион

Во меч со 81 гола екипата на Партизан славеше на гостувањето кај...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20...

Ракомет

Картите пуштени во продажба: Охрид ги повика навивачите да бидат „осми играч“ против Олимпијакос

Ракометниот клуб Охрид официјално ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!