Останато

Фит Фан Волеј ги дозна противниците за БВА купот 2025 во Гњилане

Сподели
ФОТО: Михаилов
Сподели

Фит Фан Волеј ќе биде единствениот македонски претставник на Балканскиот клупски куп – БВА купот 2025, кој оваа година ќе се одржи во Гњилане, Косово. Натпреварите ќе се играат од 25 до 28 септември во салата „Мајка Тереза“.

Македонскиот клуб ќе се натпреварува во група со грчкиот АЕК, црногорскиот Херцег Нови и домаќинот Дрита. Победникот од турнирот ќе обезбеди директно учество во ЦЕВ Челинџ купот, а четирите екипи ќе играат по системот „секој со секого“.

Фит Фан Волеј го отвора настапот на 25 септември (17:30 ч.) против АЕК Атина. Веќе следниот ден, на 26 септември (20:00 ч.), ќе се сретне со домаќинот Дрита. На 27 септември е закажан слободен ден за сите екипи, а во последното коло на 28 септември (17:30 ч.) македонската екипа ќе игра против Херцег Нови.

Минатата сезона Фит Фан Волеј ја заврши на четвртата позиција во Првата лига и избори полуфинале во Купот на ОФМ 2025 – што беше една од најуспешните години во историјата на клубот. Сега, со настапот на БВА купот, клубот има шанса да направи чекор напред и да се претстави на меѓународната сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!