Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен и Ас Јунајтед со убедливи победи – Вардар немоќен во Струга, дебакл и за Кочани

Сподели
Сподели

Денес беше комплетирано третото коло од Првата женска фудбалска лига, а воедно се одигра и заостанатиот натпревар од првото коло.

Во рамките на 3. коло, актуелниот шампион Љуботен на домашен терен покажа апсолутна доминација и со убедливи 11:0 го совлада повратникот Кочани. Голеадата започна уште во првата минута, а во листата на стрелци се запишаа Јулија Живиќ и Ива Јовановска со по два погодоци, капитенката Александра Марковска постигна еден гол, додека Елена Симјанова и Настасја Накова реализираа по три погодоци, при што едниот гол на Накова беше од белата точка.

Во Струга, пак, се одигра заостанатиот натпревар од 1. коло меѓу Ас Јунајтед и дебитантот Вардар, а домашниот тим славеше со убедливи 12:0. По еден гол постигнаа Тамара Лазеска, Веса Села и Јована Павловска, двојни стрелци беа Теодора Далческа, Ихдина Речи и интернационалката од Перу Рајане Калото Да Силва, додека хет-трик оствари Ана Беатриз Тарантино Гилхермино Салино.

Со овие дуели, останува да се одигра уште заостанатиот натпревар од 2. коло меѓу Тиверија Брера и Вардар, кој е закажан за 10 септември, по што ќе се комплетираат првите три кола во првенството.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

Прва лигаФудбал

Бабунски: Очекуваме жестоко дерби со Шкендија, ќе одлучуваат нијанси

Актуелниот шампион Вардар е подготвен за надигрување и се надева дека ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!