КупФудбал

(ФОТО) КУП: Новаци пресилен за третолигашот Пчиња, Пелистер слави над Тетекс во Јегуновце

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Новаци е во следната фаза од Купот на Македонија односно во осминафиналето, откако денес во Петровец со убедливи 0:3 славеше над третолигашот Пчиња.

Второлигашот Новаци беше фаворит на овој натпревар и повеќе од јасно беше дека ќе обезбеди следна фаза од Купот на Македонија, а тоа го потврди и резултатски откако ја оправда фаворитската улога.

Новаци резултатот го отвори во судиското надополнување на првиот дел кога новото засилување Антонио Марцевски постигна гол за 0:1 на полувреме.

Во вториот дел брзо дојде Новаци до двојна предност откако исто така новиот играч Стефан Каревски постигна гол во 67. минута за 0:2, а во 85. минута со втор гол Каревски ги постави конечните 0:3.

ФОТО: Спортска Мрежа

Пелистер преку пресврт славеше над второлигашот Тетекс во Јегуновце со 1:2 и со тоа битолскиот прволигаш е во следната фаза од Купот на Македонија.

Даниел Николовски во 35. минута постигна гол за 1:0 на полувреме. Стартот од вториот дел донесе израмнување со голот на Христијан Стојановски во 52. минута.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во 65. минута Пелистер доби пенал, но истиот не го реализираше Петар Ристиќ. Во самиот финиш од мечот во 85. минута искусниот Стефан Спировски погоди за конечни 1:2.

Тоа значи дека Пелистер и Новаци се чекираат во осминафиналето од Купот на Македонија каде беше се чекираат Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Работнички, Охрид, Силекс, Брегалница, Македонија ЃП и Беласица.

ФОТО: Спортска Мрежа

Следната недела четвртолигашот Јени Маале ќе игра со Шкендија, Кожуф со Шкупи, Победа против Башкими и Скопје со Тиквеш за комплетирање на првата фаза од Купот на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во...

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!