Турнири

Фреинт Оне доминираше – шампиони на „Јосифовско лето 2025“!

Сподели
Сподели

Синоќа во Јосифово се одигра големото финале од турнирот во мал фудбал „Јосифовско лето 2025“, настан кој и оваа година ги собра најдобрите екипи од цела Македонија на едно место.

Во финалето екипата на Фреинт Оне демонстрираше врвен квалитет и целосна надмоќ, совладувајќи го тимот на Кеги Моби со убедливи 7:2. Публиката имаше можност да ужива во вистински спектакл со дури девет погодоци и маестрална партија на шампионите од Радовиш.

Во натпреварот за третото место, Железарец со резултат 3:1 славеше над Еклер Транс и се закити со бронзениот медал.

По завршувањето на турнирот беа прогласени и најдобрите поединци:

  • Најдобар стрелец – Андреј Коцевски (Фреинт Оне)

  • Најдобар голман – Антонио Петровски (Кеги Моби)

  • Најдобар играч – Горан Стојанов (Фреинт Оне)

Ова издание на „Јосифовско лето“ влезе во историјата како првиот турнир во Македонија што воведе ВАР технологија, со што е направен голем чекор напред во организацијата на ваквите настани. Публиката, која секоја вечер броеше над 2.000 љубители на фудбалот, имаше можност да следи натпревари на највисоко ниво. Организаторите обезбедија и пренос во живо за сите кои не можеа да присуствуват на добар фудбал, ладно пиво и вкусна скара да уживаат пред малите ТВ екрани.

Годинава Спортска Мрежа по првпат беше медиумски покровител на овој престижен турнир, кој со право го носи приматот на најдобро организиран турнир во Македонија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Сулејман Алими е нов претседател на Шкендија Арачиново: Прволигашот отвора ново поглавје

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново доби нов претседател. На седница одржана од раководните органи на клубот, за нов прв човек на клубот беше избран...

ФудбалФутсал

Вечерва ПРЕМИЕРА: Патот до двојната круна на КМФ Проект без ниту еден пораз

Вечерва ќе можете да го проследите новото издание од спортска емисија Спортска Мрежа во која гостуваат Иван Гавровски, претседател на КМФ Проект, Игор...

Поврзани написи
Турнири

Ресен подготвен за спектакл: Познати групите и распоредот за турнирот во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал во Ресен и годинава ќе уживаат во возбудувањата...

Турнири

Атлетико пристига на Охрид Куп и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Атлетико од Битола е клуб кој работи во машкиот и...

Турнири

Огромен интерес за Црнилиште Куп 2026: Во тек е пријавувањето за еден од најголемите турнири во државата

Еден од најголемите и најатрактивни турнири во мал фудбал во Македонија, „Црнилиште...

ТурнириФудбал

Шпанскиот гигант Real Betis доаѓа во Македонија: Камп за млади фудбалери во Куманово

Куманово ова лето ќе стане дел од едно од најпрепознатливите фудбалски имиња...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!