ЖФК Вардар се подготвува за својата прва историска сезона во Првата женска фудбалска лига и со големи амбиции влегува во новото поглавје. Клубот од Скопје го доби своето место во елитата откако Атлетико од Битола се откажа од натпреварувањето, а дебитантот во најсилната конкуренција не сака да биде само учесник, туку тим кој ќе се бори за високи цели.
Првото интернационално засилување е Јована Најдановиќ, фудбалерка од Србија која пристигнува од редовите на ЖФК Раднички – Пирот.
Најдановиќ која има 23 години игра на позицијата централен играч за врска и важи за фудбалерка со одлична визија, голема борбеност и искуство кое ќе биде од огромна корист за новиот состав на Вардар.

Покрај неа, во црвено-црниот дрес ќе заиграат и Љубица Асановиќ од ЖФК Истатов и Александра Јовановска од ЖФК Љуботен. Двете фудбалерки носат дополнителна сигурност и стабилност во тимот, кој иако е претежно млад, има огромен потенцијал и просперитет за иднината. Со овие засилувања, Вардар добива свежина и квалитет кои ќе му овозможат да биде конкурентен уште во својата дебитантска сезона.
21-годишната Јовановска покрај за Љуботен има настапувано и за Шкендија од Тетово, Истатов и Борец од каде велешанката ја започна својата кариера.
Асановиќ, која има 22 години во својата кариера настапувано само за Истатов, а на овој клуб му се приклучи во 2019 година.
Според информациите на Спортска Мрежа ова е само почеток во наредниот период ќе следуваат уште неколку нови засилувања, и домашни и интернационални, кои ќе ја зголемат амбицијата и ќе донесат дополнителна енергија пред почетокот на шампионатот.