Втора лигаФудбал

Варадиновски: Одигравме дисциплинирано со Новаци заслужено до три бодови, благодарност до „Фантоми“ за поддршката!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Кожуф одлично ја отвори новата сезона во Втора лига, откако тимот од Гевгелија кој сега го води штипскиот тренер Иван Варадиновски имаше реми во Штип со Брегалница (0:0), а потоа дома го доби Новаци со 2:0.

Во изјава за Спортска Мрежа, Варадиновски зборуваше за мечот со Новаци и за првото сезонско славје, а притоа се заблагодари за поддршката од верните „Фантоми“,

„Одигравме дисциплинирано и трпеливо онака како што и се договоривме, имавме контрола и доминиравме во текот на целиот натпревар. Заслужено дојдовме до победа, честитки до играчите и голема благодарност до навивачката група „Фантоми“ за безрезервната поддршка“, вели тренерот на Кожуф, Иван Варадиноски за Спортска Мрежа.

Во следното коло Кожуф ќе гостува кај Каменица Саса, практично Варадиновски ќе оди против својот поранешен клуб кој го водеше како тренер.

Сподели

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!