РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Миовски: На се двоумев за понудата од Ренџерс, Се надевам дека ќе го продолжиме добриот ритам со репрезентацијата

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели

Македонската А репрезентација ги започна подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија (04. септември, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Скопје) од квалификациите за СП 2026.

Поради повреда, Димитар Митровски нема да биде дел од септемвриските пресметки. Фудбалерот од средниот ред на Олимпија Љубљана ќе ги пропушти натпреварите поради повреда на задната ложа здобиена на загревање пред синоќешниот натпревар од словенечкото првенство. На првиот тренинг отсуствуваа Елиф Елмас и Дарко Чурлинов, двајцата утре ќе се стават на располагање на селекторот Милевски.

Бојан Миовски, кој пред само два дена го реализираше својот голем трансфер во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, ги сподели своите очекувања од новата страница во клупската кариера, како и очекувањата од натпреварите до националниот тим.

„Кога дојде понудата од Ренџерс не се двоумев, тренерот ми даде дополнителна поддршка и среќен сум поради тоа. Дебитирав против Селтик, прв пат почувствував таква атмосфера, знаеме какво е ривалството меѓу двете екипи. Во Џирона не беше се сјајно, имавме лоша сезона, колективно и индивидуално. Едноставно бев во погрешно време таму и морав да донесам одлука за мојата иднина. Се вратив во шкотската лига кадешто претходно настапував во Абердин, но сега во многу поголем историски клуб. Имаме позитивна форма во репрезентацијата, се надевам дека ќе го продолжиме тој добар ритам и на натпреварите кои ни следуваат. Треба добро да се подготвиме за Саудиска Арабија која е многу сериозна репрезентација, а потоа максимално да се фокусираме на Лихтенштајн. Денеска нема слаби селекции и однапред добиени натпревари“, вели Миовски.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија – Вардар: големо дерби во Гостивар, битка за бодови и престиж

Македонскиот фудбал денеска носи едно од најинтересните соочувања во домашното првенство. Шкендија и Вардар ќе ги одмерат силите во дербито од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП 2026, Македонија ќе игра турнир во Турција

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа собирот во Скопје, со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!