Утре се игра големото финале на турнирот во мал фудбал „Подареш 2025“, а во истото Конзул Транс ќе се соочи со Дивино.
Радовишките „шлепери“ против „пиците“ од Босилово во финални битка за парична награда од 150.000 денари која го следува првопласираниот тим.
Синоќа екипата на Дивино со 9:2 го декласираше тимот на Ан Са и Перо и Тајфата, а пак Конзул Транс го доби натпреварот со Атанасов Градба со 0:2.
Во големото финале ќе се соочат Конзул Транс и Дивино, а пак во мечот за трето место силите ќе ги одмерат Ан Са и Перо и Тајфата со Атанасов Градба.
Откако беше комплетирано полуфиналето и натаму најдобар стрелец останува Никола Божинов од екипата на Олвиер Промет со девет погодоци, а пак втор е Тони Мичковски од Дивино со пет гола.
Спортска Мрежа годинава по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.