Останато

Стефан Тренески со историско деби – прв Македонец во Формула 4!

Сподели
ФОТО: Instagram/stefantreneski
Сподели

Минатиот викенд 17-годишниот Стефан Тренески го имаше своето деби на престижното Формула 4 првенство, возејќи на познатата патека Словакијаринг во Словачка, како дел од тимот на Јаник Моторспорт. Со тоа, Македонија за првпат во историјата доби свој претставник во ова реномирано натпреварување.

„Беше тежок натпревар, конкуренцијата е силна. Се работи за врвни возачи со неколкугодишно искуство во овие натпревари, но тоа за мене не претставуваше препрека, туку напротив – предизвик да се впуштам во борба за највисока позиција уште од самиот старт. Во една ситуација бев истуркан надвор од патеката од страна на еден натпреварувач, па затоа завршив на 13-та позиција. Сепак, од овој прв Формула 4 настап добив големо искуство за болидот, начинот на управување, како и комуникацијата со моите инженери од Јаник Моторспорт. На следниот натпревар во Брно, Чешка одиме многу поподготвени,“ – изјави Тренески.

Со ова деби, младиот возач не само што ја отвори вратата за својата меѓународна кариера, туку испиша и ново поглавје за македонскиот автомобилизам.

Последниот натпревар од сезоната во Формула 4 ЦЕЗ првенството ќе се вози на патеката Брно во Чешка, на 6 и 7 септември.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде што Младост и Еурофарм Пелистер 2 ги поделија бодовите играјќи 30:30...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!