Прва лигаФудбал

Шефит Шефити е нов играч на прволигашот Арсими !

Сподели
ФОТО: ФК Арсими1973
Сподели

27-годишниот албански интернационалец, Шефит Шефити, е новото засилување на македонскиот прволигаш Арсими 1973. Минатата сезона тој настапуваше за Беса 1976.

Шефити во својата кариера има играно за клубови како Шкендија, Ренова, Приштина и Беса, а ова ќе биде неговата втора сезона во дресот на Арсими. Минатата сезона постигна три гола, додека најдобрата му беше во 2020/21 година, кога во дресот на Ренова постигна десет погодоци.

Со доаѓањето на Шефити, Арсими дополнително ја зацврстува офанзивната линија, подготвувајќи се за предизвиците во елитниот македонски фудбал. Искусниот напаѓач се очекува да донесе квалитет и стабилност во нападот, помагајќи на тимот да оствари висок пласман во својата прва сезона во ПМФЛ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!