Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги информира навивачите дека започна продажбата на билети за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, кој ќе се одигра на 10 октомври во Гент, Белгија, меѓу репрезентациите на Белгија и Македонија.
Според правилата на УЕФА, за македонските навивачи се издвоени околу 900 билети во секторот за гости. Цената на билетите е 25 евра за возрасни, додека за деца до 12 години билетот изнесува 21 евро.
Купувањето се врши преку официјалната платформа на ФФМ: eticket.ffm.mk. Секој навивач при купувањето најпрво добива ваучер како потврда за трансакцијата, а официјалниот билет се издава врз основа на ваучерот и се испраќа на електронската адреса наведена при купувањето. Билетите пристигнуваат најдоцна во рок од две недели од купувањето.
ФФМ ги повикува сите поддржувачи на репрезентацијата да си обезбедат билет и да ја дадат својата силна поддршка на Македонија во овој важен квалификациски натпревар.