Пелистер денес ќе игра против Шкупи во рамки на 3. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), но наместо на домашен терен во Битола, како домаќин ќе игра во Кавадарци.
Причината е затоа што теренот на стадионот во Битола се чува бидејќи во текот на септември македонската репрезентација до 21 година ќе биде домаќин на Италија во рамки од квалификациите за ЕП 2027 година.
Капинковски не бега од улогата на фаворит во мечот со тимот од Чаир, но дополнува дека неговата екипа расе и се надоградува, но тој е дециден дека знаат што сакаат.
„Ние дефиниравме дека на секој натпревар ќе одиме на победа, а за тоа да се случи потребно е да бидеме на максимумот од своите можности. Имаме нова екипа што расте и се надградува, но знаеме што сакаме. Шкупи е тим кој не можевме да го гледаме минатата седмица, има нови играчи, па затоа се фокусираме на себе. Темелно се подготвуваме, ме радува што нападот профункционира во Струмица, имавме неколку изгледни шанси и два гола, беа изградени акции и тоа она што повторно ќе се обидеме да го оствариме“.
Натпреварот меѓу Пелситер и Шкупи започнува во 17 часот.