Прва лигаФудбал

Шкендија и Арсими без голови – бод што вреди злато за гостите

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Дербито на Тетово меѓу Шкендија и новиот прволигаш Арсими заврши без победник – 0-0, во натпревар кој понуди многу возбудувања, пропуштени шанси и блесоци на двајцата голмани. За актуелниот шампион овој резултат е изненадување, додека за гостите од Чегране ремито претставува голем успех.

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, реши да направи неколку ротации во составот и настапи со комбиниран тим поради претстојниот реванш со Лудогорец за пласман во Лига Европа. Шансата ја добија повеќе младинци, како и новото засилување Атдхе Мазари, кој на своето деби го промаши „неможното“ и не успеа да се запише меѓу стрелците.

Арсими беше храбар и офанзивен, уште во првите минути преку Олатунбосун се закани со атрактивен удар „со ножички“, но голманот Гуаје со одлична интервенција ја спаси својата мрежа. Гостите имаа уште неколку сериозни прилики преку Сикиру и Перовиќ, кој еднаш ја погоди пречката и уште еднаш беше запрен од голманот на домаќините.

Во второто полувреме, по влезот на Бесарт Ибраими и Лиридон Љатифи, Шкендија заигра поагресивно и создаде серија шанси во периодот од 70. до 75. минута, но гостинскиот голман Ислами беше непремостлива пречка. Во финишот на натпреварот и двете екипи имаа по една стопроцентна шанса, но мрежите останаа недопрени.

Со ова реми, Шкендија не ја продолжи победничката серија, но останува фокусирана на европските предизвици, додека Арсими од Тетово си заминува со бод што може да биде клучен за нивниот опстанок во прволигашката конкуренција.

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!