Некатегоризирано

ФОТО: Дуков се „распука“ – Детонит тргна фуриозно, реми на дербито меѓу Охрид и Беласица!

Сподели
Сподели

Второлигашкиот фудбал по долги години се врати во Големо Коњари и Ресен, а натпреварите беа проследени со голем број на публика што е знак дека овие места се желни за фудбал од повисок ранг на натпреварување.

Дербито на колото се играше на „Билјанини Извори“ каде Охрид ја дочека Беласица во соочување на двете екипи со прволигашки амбиции.

По силниот дожд кој го зафати Охрид, мечот започна и веднаш донесе брз погодок со кој струмичани го отворија резултатот преку Марио Дебрешлиоски по само шест минути игра.

ФОТО: Охрид – Беласица

Во вториот дел „рибарите“ дојдоа до конечните 1:1, откако новото засилување Иван Глигоров погоди во 74. минута за поделба на бодовите.

ФОТО: Охрид – Беласица

Во Штип се одигра единствениот меч без погодоци – Брегалница и Кожуф од Гевгелија ги поделија бодовите откако одиграа 0:0.

Некогашниот прволигаш Скопје со минимални 1:0 ја доби Слога Виница на „Железарница“ во Автокоманда, стрелец на победничкиот гол беше Александар Богданоски, кој стрелаше во 77. минута.

Новаци на домашен терен ги собира сите бодови откако славеше со 2:0 над прилепска Победа. Стрелец на погодокот за водство на домашниот тим беше Мартин Андоновски кој погоди во судиското надополнување.

Во вториот дел неизвесноста траеше до самиот финиш кога Стефан Јовановски постигна гол за триумф од 2:0 со што бодови останаа дома.

Дербито на Истокот меѓу Каменица Саса и Осогово заврши со поделба на бодовите (1:1). Давид Голубов го отвори резултатот за водство на„жетварите“ откако стрелаше против својот поранешен клуб во 26. минута од натпреварот кој се играше во Македонска Каменица.

ФОТО: Охрид – Беласица

Во вториот дел „рударите“ бркаа гол негатива, а до израмнување дојдоа преку Андреј Симевски во 55. минута. Ланската „гол-машина“ на Саса иако беше претставена во Охрид, сепак Симевски не стана „рибар“ и се врати со што останува „рудар“ и во новата сезона, односно продолжува во дресот на Саса.

Шкендија Арачиново на убедлив начин ја започна новата сезона во Втората лига, откако со 0:3 славеше во Ресен над Преспа. Во дуелот на двата лански третолигаши, гостинот од Арачиново преку Александар Ѓорѓиески имаше предност од 0:1 во 19. минута од мечот. Во вториот дел Бурхан Алији и Дарио Десниќ ставија печат на убедливата победа во Ресен.

ФОТО: Преспа – Шкендија Арачиново

Висок пораз доживеа новиот второлигаш Големо Коњари откако пред својата публика загуби од Детонит Плачковица со 0:4. Радовишани имаа фуриозен старт во новата сезона најавувајќи дека ќе атакуваат на висок пласман.

Сашо Дуков со два погодоци во првиот дел обезбеди двојна предност по првите 45 минута, а во вториот дел новите Мартин Мисердовски и Стефан Ристовски ја потврдија доминацијата со убедлива победа од 0:4.

ФОТО: Големо Коњари – Детонит Плачковица

„Разнишаниот“ Вардар Неготино со нова управа и нов стручен штаб се консолидираше и со триумф ја започна новата сезона откако со 2:1 го доби Тетекс на домашен терен пред верната публика.

Во првите 45 минути немаше погодоци на „Цвај арената“, но во вториот дел публиката проследи три погодоци. Ѓорѓи Шишков го отвори резултатот во 57. минута, а пак Насаф Шабанов беше реализатор за 2: во 85. минута.

Во самиот финиш од мечот Даниел Николовски погоди за ублажување на поразот од 2:1.

Сподели
Поврзани написи
Некатегоризирано

Работнички со интернационално засилување во одбраната

Фудбалскиот клуб Работнички продолжува со кадровско екипирање во пресрет на продолжението од...

НекатегоризираноРакомет

Крсманчиќ не е повеќе дел од ГРК Охрид

Ракометниот клуб Охрид влегува во продолжението од сезоната со промени во играчкиот...

Некатегоризирано

Јанта Волеј ја заврши европската авантура во ЛШ, продолжува во ЦЕВ Купот

Македонскиот шампион Јанта Волеј ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на...

Некатегоризирано

ВИДЕО: ФФМ започна со голема обнова на тренинг центарот „Петар Милошевски“

Фудбалската федерација на Македонија вложува во унапредување на својата инфраструктура, а овие...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!