Турнири

Охрид го совлада Еурофарм Пелистер и го освои трофејот на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на ГРК Охрид приредија вистинска ракометна вечер и пред својата публика го освоија првиот трофеј на домашниот меморијален турнир „Крсте Андоновски“. Во финалниот натпревар, одигран во СРЦ „Билјанини Извори“, охриѓани ја совладаа екипата на Еурофарм Пелистер со 31-26, освојувајќи ја титулата во голем стил.

Битолчани го отворија мечот подобро и поведоа со 0-2, но „гладијаторите“ од Охрид брзо ја презедоа иницијативата и со серија од пет неодговорени погодоци направија целосен пресврт за водство од 5-2. Тренерот на Пелистер, Рубен Гарабаја, се обиде да ја консолидира играта преку тајм-аут, а неговите избраници успеаја да се вратат во егал и дури поведоа со 10-9. Сепак, домаќините одговорија со силна серија и на одмор заминаа со предност од 12-10.

Во второто полувреме охриѓани играа уште поорганизирано и дисциплинирано. Одбраната на Борис Ројевиќ функционираше одлично, голманот Блажески имаше клучни интервенции, а нападот предводен од Дарко Ѓукиќ и Ловро Јотиќ постојано ја користеше секоја грешка на противникот. Охрид поведе со највисоки +5 (23-18), што донесе нов тајм-аут за Пелистер.

ФОТО: Спортска Мрежа

И покрај тоа, пелистерци се вратија на минус два (24-22) и во неколку наврати имаа шанси да ја направат завршницата поинтересна, но Охрид не дозволи изненадување. Со прецизни удари на Кукуловски и смирената игра во нападот, домаќините ја одржуваа предноста и на крајот триумфираа со заслужени 31-26.

ФОТО: Спортска Мрежа

Дарко Ѓукиќ беше најефикасен кај победничкиот тим со шест погодоци, а одличен настап имаше и Ловро Јотиќ со четири. Кај Еурофарм Пелистер најмногу се истакна Дејан Манасков со седум гола.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со ова, охриѓани го освоија првиот трофеј на својот меморијален турнир, а втор последователен ова лето, по успехот на Струшкиот турнир. Публиката во Охрид имаше повеќе од причина за славје – „гладијаторите“ уште еднаш потврдија дека ќе бидат сериозен конкурент на врвот во претстојната сезона.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

ФК АП Брера и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книга посветена на развојот на талентираните деца

Фудбалските клубови АП Брера Струмица и ЖФК Тиверија Брера организираат промоција на книгата „Прирачник за родители на надарените и талентираните“, од академик, проф....

Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК Олти од Пеќ, Косово го потврди учеството. Се работи за фудбалска...

Поврзани написи
Турнири

ФК Олти од Косово го потврди учеството на Ohrid Winter Cup

Меѓународниот фудбалски турнир Ohrid Winter Cup ќе има силна конкуренција, откако ФК...

Турнири

Каменица Саса го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Екипата на Каменица Саса од Македонска Каменица го потврди учеството на меѓународниот...

Турнири

Во среда се отвара турнирот во мал фудбал „Демир Хисар 2026“, многу екипи и силна конкуренција

Во среда се отвара овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Демир...

Турнири

ФК Кожуф од Гевгелија го потврди учество на Ohrid Winter Cup

Фудбалскиот клуб Кожуф од Гевгелија го потврди учеството на Ohrid Winter Cup...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!