Трета лигаФудбал

ФК Куманово започна со подготовки за новата сезона во Трета лига – Север

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Куманово на 16 август ги започна подготовките за новата сезона во Трета лига – Север. Веќе следниот ден, кумановци го одиграа првиот контролен натпревар против екипата на ФК Превалец во Велес и славеа со убедливи 6:3, иако резултатот беше во втор план.

Наредниот пријателски меч е закажан за недела, 24 август, на домашен терен против ФК Лопате, со почеток во 17:00 часот на игралиштето во Доброшане.

Клубот задржа поголем дел од ростерот од минатата сезона и донесе неколку засилувања од редовите на кумановски фудбалери. Голема предност за тимот е фактот што тренерот Тони Раденковиќ ќе продолжи да ја предводи екипата и во новата сезона. Тој одлично го познава тимот и успеа да направи вистински спој на младост и искуство, што ќе биде клучно во борбата за врвот на табелата.

ФК Куманово најавува амбициозна сезона и апелира до сите љубители на фудбалот од регионот да дадат поддршка.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Кошарка

Работнички ја брани серијата од пет победи, а четири екипи бркаат биланс 3–3

Работнички го пречекува Кожув како единствена екипа со пет победи во пет натпревари. МЗТ Скопје Аеродром е најблиску со биланс 4–1, а Кожув...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!