ИнтернационалциФудбал

Шкендија на чекор до историја – голема победа над Лудогорец во Скопје!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот шампион Шкендија направи огромен чекор кон групната фаза на Лига Европа, откако синоќа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје славеше со 2-1 против бугарскиот првак Лудогорец. Со овој резултат, тетовци ќе патуваат на реваншот во Разград со активна предност и реална шанса да го повторат успехот на Вардар од 2017 година, кога „црвено-црните“ играа меѓу европската елита.

Хероите на триумфот беа Лиридон Љатифи и Бесарт Ибраими, кои со своите голови донесоа целосен пресврт и ја запалија еуфоријата кај публиката.

Натпреварот започна офанзивно за Шкендија, која уште од првиот свиреж ја презеде иницијативата. Љатифи имаше прва голема шанса по комбинација со Тамба, но голманот Падт одбрани. Во 17. минута, Цаке се обиде од далечина, но топката замина крај дирекот.

Сепак, гостите од Разград беа тие што први го отворија резултатот. Во 18. минута по добра акција, Дерој Дуарте погоди со удар по земја за 0-1.

Тетовци не се поколебаа. Продолжија да притискаат и во 35. минута добија награда. Лиридон Љатифи постигна вистински еврогол од слободен удар на повеќе од 25 метри за израмнување на 1-1, што беше и резултат на полувремето.

Во второто полувреме, играта се водеше претежно на средината од теренот, но во 60. минута се појави човекот за големи натпревари. Бесарт Ибраими, најдобриот стрелец во историјата на македонскиот фудбал, со прецизен удар ја затресе мрежата на Лудогорец и донесе водство од 2-1 за Шкендија.

До крајот, Лудогорец се закани преку нововлезениот Текепеј, но голманот Гаје блесна со важни интервенции. Тамба и Алхасан имаа можност да ја зголемат предноста, но нивните удари завршија над голот.

Со оваа победа, Шкендија има голема шанса да се пласира во групната фаза на Лига Европа, но за тоа ќе мора да го издржи реваншот во Разград, закажан за следниот четврток.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс му се доближува на бод со победа, Вардар во Кратово може да ја намали разликата до врвот

Силекс освои 11 од своите 17 бода во Кратово. В сабота, 7 ноември од 13 часот, таму го пречекува Вардар, кој има 21...

ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра дербито на 4. коло на Втората футсал лига меѓу...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Дерби пресметка во Кавадарци: Црна Река го пречекува Балкан

В недела од 19 часот во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе...

Прва лигаФудбал

Вареловски: Ќе дадеме се од себе трите бода да останат во Кавадарци

Тиквеш продолжува со одличните настапи во Првата македонска фудбалска лига, а амбициите...

Прва лигаФудбал

Варадиновски бара ново изненадување, Скопје на испит кај Тиквеш

Фудбалерите на Скопје во минатото коло успеаја да го изненадат Силекс, ремизирајќи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!