По седум одиграни кола во Втората лига, а пред репрезентативната пауза време е за нова кратка анализа на Спортска Мрежа.
Брегалница е лидер на табелата со 17 бодови на своето конто и единствен тим кој нема пораз во новата сезона со скор од пет победи и две ремија.
Штипјани засега одат по посакуваната цел да се вратат во Првата лига, „сините“ на Трајче Сенев постигнаа десет погодоци, а промија четири.

Низ статистика најдобар напад има Арсими со постигнати 15 погодоци, а пак најлош е нападот на Борец кој има само пет постигнати погодоци, од друга страна најдобра одбрна има тимот на Башкими кој има примено само четири погодоци, а најлоша е одбраната на Вардарски која има примено 16 погодоци.
- ТОП 3 НАЈДОБРИ НАПАДИ ВО ВТОРА ЛИГА:
Арсими постигнати 15 погодоци
Кожуф постигнати 13 погодоци
Македонија ЃП постигнати 12 погодоци
- ТОП 3 НАЈЛОШИ НАПАДИ ВО ВТОРА ЛИГА:
Борец постигнати 5 погодоци
Вардарски постигнати 6 погодоци
Осогово постигнати 6 погодоци
- ТОП 3 НАЈДОБРИ ОДБРАНИ ВО ВТОРА ЛИГА:
Башкими примени 4 погодоци
Брегалница примени 4 погодоци
Македонија ЃП примени 5 погодоци
- ТОП 3 НАЈЛОШИ ОДБРАНИ ВО ВТОРА ЛИГА:
Вардарски примени 16 погодоци
Борец примени 13 погодоци
Победа примени 13 погодоци
Најмногу победи во новата сезона имаат Брегалница, Македонија ЃП, Башкими и Арсими по пет победи, а пак Беласица и Вардарски се единствени без триумф во новата сезона.
Без пораз е само Брегалница, а најмногу порази имаат Вардарски, Борец и Победа.

Арсими ниту една не ремизирал, додека пак Беласица има најмногу реми натпревари вкупно шест.
Според формата од последните пет натпревари на домашен терен најдобри се Македонија ЃП и Брегалница со по 10 бодови од четири одиграни домашни натпревари, а пак Вардарски е со најлоша форма на домашен терен без ниту еден освоен бод од три одиграни домашни натпревари.
- ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Најдобра форма на гостински терен има Башкими со максимални 12 бодови, односно четири од четири со гол разлика од четири постигнати погодоци без ниту еден примен, додека пак Борец е најлош на гостински терен без ниту еден освоен бод и без ниту еден постигна тол односно примени осум погодоци.
Брегалница, Македонија ЃП, Башкими и Арсими сакаат да направат пресек и да се одвојат од останатите екипи во трката за првите две места кои водат кон Прва лига, како и за третото место кео води кон баражот за Прва лига. Во тката за Прва лига приклучок ќе фаќаат Кожуф и Детонит Плачковица.
Трката за опстанок ќе биде интересна и неизвесна. Неколку екипи се во опасна ситуација каде ќе мора да собираат бодови со цел да не се повтори ситуацијата од ланската сезона кога неколку екипи беа загрозени од последниот судиски свиреж кога беше завршена сезоната. Па така, Вардарски, Борец, Победа, Осогово, Вардар Неготино, Беласица… ќе мораат да доаѓаат до ситуација да освојуваат бодови веќе во следното коло после репрезентативната пауза, односно во рамки на деветтото коло.
Пред Победа е уште еден предизвик, а тоа е да назначи нов тренер за време на репрезентативната пауза, а по истата продолжува борбата на екипите за остварување на својата цел. Следното коло ќе се одигра на 19. октомври од 14 часот.