ФудбалФудбалска репрезентација

Алчевски: Со победа да ги завршиме овие квалификации

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје ќе ги продолжни подготовките за претстојните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Словачка.

Веќе во петок Македонија на домашен терен ќе игра со селекцијата на Молдавија, на домашен терен, а пак пет дена подоцна на гостински терен играме против селекцијата на Грузија.

Голманот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски даде свој коментар за претстојните натпревари на македонската репрезентација.

„По големата победа над Шведска на самиот старт на квалификацискиот циклус, сите очекувавме многу подобри игри и подобри резултати, како и повисок пласман на табелата, меѓутоа не идеше се по планот. Потфрливме и не бевме на нивото на неколку клучни натпревари, кои според мене моравме да ги добиеме. Мислам дека најмногу недостасуваше реализацијата на претходните натпревари, мораме да ја подобриме форма, пред се на индивидуално ниво во нашите клубови. Сите треба да работиме и да се трудиме повеќе на тренинзите, само така можеме да напредуваме и да се подобруваме. Првите мечеви против Молдавија и Грузија ги загубивме, иако не го заслуживме тоа. Се надевам дека на овие натревари ќе одиграме добро и ќе оствариме победи. Секогаш кога се игра за Македонија, мораме да атакуваме на победа, без разлика кој е противникот.Имаме добра атмосфера во репрезентацијата, нашата цел е да завршиме што е можно повисоко на табелата“, рече Алчевски.

Македонија е во групата Ц каде Холандија е лидер со максимални 27 бодови и веќе се пласираше на ЕП до 21 година, Грузија е втора со 16 бодови, Шведска е трета со 14 бодови, Македонија е четврта со девет бодови, Молдавија е петта со седум бодов, а на дното е Гибралтар со три бода.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!