Прва лигаФудбал

ФК Вардар доби нов унгарски сопственик!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Дали конечно ќе дојдат добри денови за најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, кој има нов сопственик од Унгарија. Информацијата за новиот сопственик ја сподели македонскиот прволигаш на својот профил на социјалната мрежа „Х“.

Во објавата се вели дека новиот сопственик Атила Бижен Жалили има превземено 85% од акциите на АД ФК Вардар, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото.

„Од 07.10.2024-та, по предходно потпишан договор,заверен со нотарски акт UZP 6630/2024, од страна на новиот сопственик Атила Бижен Жалили превземени се 85% од акциите на АД ФК Вардар-Скопје, а со тоа и управувачкиот пакет на друштвото. Следи финансиска, организациона и резултатска консолидација на ФК Вардар“, се вели во соопштението на ФК Вардар на социјалната мрежа „Х“.

 

Вардар по девет одиграни кола има седум бодови и се наоѓа во долниот опасен ден на табелата, а по завршување на репрезентативната пауза го очекува гостување кај Беса во Гостивар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!